Вести Временска прогноза

Постепено слабеење на бранот и повлекување – Временска прогноза за 14.1.2025

Во вторник овој бран ќе биде со послаб интензитет и во фаза на повлекување. Но, ќе се задржи студено и променливо облачно со провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до -2°C, а максимумот од -2 до 4°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-10 Попова Шапка, -8 Маврови Анови, Крушево, -5 Берово, -4 Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид, Претор, -3 Тетово, Дебар, Виница, -2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Штип, -1 Велес, Кавадарци, Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 0 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

32 Крушево, Маврови Анови, Демир Капија, 23 Битола, 22 Претор, 20 Попова Шапка, Тетово, 14 Охрид, 11 Прилеп, 10 Берово, 4 Струмица, Крива Паланка, Куманово, 3 Штип, Дебар, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

64 Попова Шапка, 57 Маврови Анови, 36 Крушево 34 Дебар, 32 Штип, 31 Демир Капија, 30 Тетово, 27 Берово, 20 Прилеп, 17 Охрид, 15 Струмица, Претор, 11 Крива Паланка, 10 Скопје-Петровец, 6 Куманово.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 7.0, Преспанско Езеро 3.0, Дојранско Езеро 6.6.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

(Видео) Мицкоски најавува наскоро номинирање имиња за нови министри, Касами тврди засега нема преговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе