Вести Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, по котлините магливо со ниска облачност – Временска прогноза за 9.1.2025

Во поголем дел од земјата ќе биде стабилно, променливо облачно со сончеви периоди, но по котлините ќе се задржи магливо со ниска облачност. Во овие делови нема многу да се менува температурата, па ќе биде нешто постудено и преку ден. Во останатите делови потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 4°C, а максималната од 8 до 15°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-1 Берово, 2 Попова Шапка, Крива Паланка, Штип, 3 Струмица, Кавадарци, Велес, Куманово, Лазарополе, Виница, 4 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Маврови Анови, 5 Битола, Крушево, 8 Гевгелија Демир Капија, Претор, 9 Охрид, Дебар.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

1 Маврови Анови, Пожаране.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

42 Попова Шапка, 32 Маврови Анови, 7 Крушево.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 8.0, Преспанско Езеро 3.0, Дојранско Езеро 7.4.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стабилно, сончево со локална облачност – Временска прогноза за 14.6.2026

meteo

Притвор за 36-годишник кој се сомничи дека во повеќе наврати извршил силување на 12-годишно дете

Tea Dimkovska

Швајцарците на референдум ќе одлучуваат дали населението треба да се ограничи на 10 милиони жители

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе