Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Во Скопје, утрото студено со појава на магла, а во текот на денот сончево и претежно тивко со мала облачност.
Информација од ова утро 1.1.2025
Минимална температура (во °C)
-7 Берово, -6 Битола, -5 Скопје-Петровец, Тетово, Маврови Анови, Демир Капија, Струмица, -4 Штип, Велес, -3 Крива Паланка, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, -2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, -1 Претор, 0 Виница, Попова Шапка, 2 Крушево.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
48 Маврови Анови, 45 Попова Шапка, Крушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
