Имаме методологија и анализираме како да се стабилизира состојбата со дупката во буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, вели портпаролката на Владата, Марија Митева.
Тврди дека во овој момент не се размислува за предлогот на Фискалниот совет, за зголемување на старосната граница за пензионирање.
Ова доаѓа откако фискалниот совет составен од експерти дал мислење дека мора да се зголеми возраста за пензионирање на 67 години за мажи и за жени.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
