Вести Македонија

Шеќеринска: Политичка и кривична одговорност за оние кои на Мијалков му помогнале да избега

Ова не е превид туку очигледно дека некој од малкумината кои знаеле ја споделиле таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата

Ќе бараме одговорност, бидејќи веќе прашањето не е како да се обезбедат луѓето кои бегаат од правдата да се соочат со правдата, а организаторите да одговорат кој го информирал Мијалков и го обезбедил неговото бегство, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има политичка одговорност за бегството на ексдиректорот на УБК, Шекеринска рече дека не се работи само за политичка, туку и за кривична одговоност.

„Пред ова бегство ниту извршната власт ниту правосудните органи нема да затворат очи. Ова не е превид туку очигледно дека некој од малкумината кои знаеле ја споделиле таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата“,

изјави Шекеринска која денеска беше на покигонот Криволак со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Американската дипломатка, на истото прашање, рече дека нема што да додаде туку дека само ги следат случувањата и се благодарни на Владата што ги споделува со нив сите информации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

До каде се ветените средства за споменикот на 63-те загинати- прашање на родителите од Здружението „16-ти март“

Дејан Дејан

УХМР: Невреме со пороен дожд и засилен ветар во Гевгелија и Штип, се движи кон југоисток

Sasko Dimovski

Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе