Вести Економија Топ вести

Со пожарите и поплавите ќе се бориме со помал буџет, се крати од ДЗС, но платите во Влада ќе пораснат за над 50 отсто

Со климатските промени , поплавите пожарите ќе се бориме со помал буџет. Бројките за новата државна каса за идната година, покажуваат кратење на парите на Дирекцијата за заштита и спасување. Ќе располага со 650 илјади евра помалку, а добиваат скромно зголемување на бруто платата. Над 200 вработени догодина  ќе имаат просечна бруто плата од 57.391 денари или 930 евра. Но, во оваа сума влегуваат и придонесите за здравствено, пензиско.  Без овие додатоци или нето платата на вработените во службата  според калкулаторот на ИЕ.МК е 620 евра.

Состојбата не е подобра ниту во  Центарот за управување со кризи. И таму во 2025 година бруто платата во однос на некои институции скромно ќе се зголеми, а Центарот на располагање ќе има 200 илјади евра повеќе.

Според,  информациите пожарникарите ќе имаат зголемување на платите за 10 отсто, кои пак се движат некаде околу 32 илјади денари. За оваа служба со години се зборува дека нема кадар – недостасуваат околу 500 пожарникари, а возилата се стари со децении.  Но, најчесто за проблемите во овие служби се зборува кога ќе се соочиме со пожари..

Од буџетот може да се види дека кај некои навистина се додава солидна сума на пари.

Така на пример вработените во Влада и сите кои земаат плата преку владата догодина ќе добијат зголемување на просечната бруто плата од над 50 отсто.  Според, предлог буџетот 359 вработени ќе имаат просечна бруто плата од 2.230 евра односно нето примањата на вработените во владата ќе бидат речиси 1.500 евра.

Од, бројките може да се види дека нето -платите во Дирекцијата за заштита и спасување се помали,  од сумата за која ќе порасне бруто платата во Владата.

Тука е Службата за општи и заеднички работи на Влада. Од новиот буџет може да се види  значително зголемување на ставката бруто -плата. Ќе порасне за над 400 евра и според тоа 300 вработени во 2025 година ќе имаат просечна бруто -плата од над 1.300 евра односно нето примања од близу 900 евра.

И седумте вработени во Регулаторната комисија за домување ќе имаат повисока просечна бруто плата. Тие со новото покачување  догодина ќе има просечна бруто плата од 1889 евра. Според калкулаторот на ИЕ.МК нивната нето плата ќе изнесува 1.240 евра.

Повисоки бруто плати ќе имаат и во Инспекциски совет, Комисија за заштита на конкурентноста, ТИРЗ, министерството за енергетика и други.

За буџетот за идната година веќе неколку дена се расправа во Собранието, поднесени се над 300 амандмани.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем пожар се шири на хрватскиот остров Вис

Дејан Дејан

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе