Вести Економија Најважни

Последна шанса за гасно поврзување со Грција – или ќе изградиме интерконектор или ќе плаќаме милиони за оштета

Ако овојпат не успее изградбата на интерконекторот кон Грција, тие од нас имаат право да бараат оштета, односно државата ќе треба да им исплати онолку средства колку што од грчка страна инвестирале во својот дел.

Ова за Телма го објаснуваат извори од енергетските кругови. Брифираат и дека ова е само еден од проблемите кој може да се јави. Појаснуваат и дека земјава може да загуби дополнителни три милиони евра кои се платени за да се направи резервација во цевката за гас, преку која во иднина треба да се прави испорака.

На прашањето, пак, до „Номагас“ какви последици може да има државата ако не се изгради ова поврзување, одговорија дека се прави сè за да не дојде до тоа, дека процесот се води во соработка со ЕБОР, ЕИБ и дека не се очекува отстапување од зададените рокови.

Откако беше неуспешен претходниот, на средината на минатиот месец операторот „Номагас“ објави нов повик на кои се очекува да се пријават компании кои би имале интерес да го градат интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција.

Претходно, на повикот се јавија пет странски фирми, но тој беше поништен, затоа што европската банка имаше забелешка поради која постапката требаше да се повтори.

Инаку, според последниот извештај на финансии, „Номагас“ се најде на врвот на листата на должници која министерството ја објавува секој квартал. Па, така за третиот во извештајот стои дека друштвото има доспеани, а неподмирени обврски во висина од над 88 милиони евра.

Од „Номагас“, пак, појаснуваат дека причина за појавувањето на ваквиот долг е поради заемот од Дојче Банк и Ерсте банката подигнат уште во 2015 година. За друштвото да нема ваков долг, кредиот треба да се транформира во влог, но од „Номагас“ тврдат дека постапката за тоа била одложена заради изборниот процес,  промената на менаџментот во друштвото и дека истата ќе заврши до крај на годинава.

Интерконекторот е со должина од 123 километри, а македонскиот дел е 67 километри – од Гевгелија до Неготино. Понудите од заинтересираните фирми треба да пристигнат до 20 ноември.

Ваквото поврзување со нашиот јужен сосед треба да обезбеди гас од повеќе извори. Во моментов единствената прекугранична врска што ја има земјава е преку Бугарија.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе