Вести Економија Топ вести

ЕСМ купи струја за близу 6 милиони евра, количините се за следните две недели

ЕСМ купи струја за близу 6 милиони евра. Количините ќе бидат за покривање на потребите во следните две недели. Се набавија над 44 гигават часови. Парите одат во џенот на компанијата ГЕНИ продажба на енергија ДООЕЛ.

Од ЕСМ пак вчера преку соопштение се обидоа да објаснат зошто се прават набавки на електрична енергија. Во дописот стои дека набавките се со цел да се обезбедат количините за потребите на ЕВН ХОУМ, за покривање на загубите во електродистрибуција и Мепсо. Пишува и дека набавките се потребни за да се зачува хидропотенцијалот кој е на ниво од 19 проценти, што е далеку под просекот за овој период од годината.

Изминатиот период ЕСМ имаше низа набавки на струја. Пред извесно време министерката за енерегетика Божиновска кажа дека ќе се обидат да ги спроведуваат на подолг период, но се уште се купува за две недели.

Во моментов работи само РЕК Битола и тоа со два блока третиот ќе се вклучувал по потреба. ЕСМ подолго време има проблеми во работата, но во буџетот не се предвидени пари за електрани поради што компанијата се задолжи кај домашните банки со над 80 милиони евра кредит.

Наскоро следи и нова цена на струјата.  Дел од енерегетските комании побарале зголемување на цената на својата услуга и до 80 отсто , но сметките на домаќинствата најмногу  зависат од тоа ЕСМ по која цена ќе ја продава својата струја на ЕВН ХОУМ. Сега нивниот мегават чини 60 евра.  Премиерот Мицкоски пред неколку дена рече дека не очекува од јанаури да има поскапување.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Василевска: Нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе