Спорт Фудбал

Винисиус откако остана без „Златната топка“: Тие не се подготвени (ФОТО)

Доделувањето на „Златната топка“ за најдобар фудбалер често носи дебати дали фудбалерот кој ја добива вистински ја заслужува или престижната награда треба да заврши во нечии други раце. Ако јавноста изминативе 15 години дебатираше помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо, синоќа во Париз за најдобар светски фудбалер беше прогласен Родри. Реал Мадридн неспортски и неџетлменски ја бојкотираше гала-вечерта и тоа бидејќи наградата не заврши во рацете на Винисиус Жуниор.

Винисиус Жуниор, но и неговиот клуб Реал Мадрид се чувствуваат ограбени од организаторот на наградата „Франс Фудбал“. Шпанскиот клуб вчера наутро дозна дека Бразилецот не е добитник на „Златната топка“ па претседателот Флорентино Перез реши да и забрани на цела делегација на „кралевите“ да присуствува на церемонијата.

„Ќе бидам и десет пати подобар ако треба. Тие не се подготвени“, напиша Винисиус синоќа на социјалната мрежа Икс.


Иако поголемиот дел од светската јавност очекуваше Бразилецот да ја понесе наградата, сепак никој не може да го оспори и она што Родри го направи во текот на изминатата сезона. Со Манчестер сити дојде до шампионската титула во Премиерлигата, како еден од клучните играчи во составот на Пеп Гвардиола, а командуваше и со шпанската репрезентација на патот до европската круна. И Винисиус имаше трофејна сезона со Реал Мадрид во Ла Лига и Лигата на шампиони, но фудбалските новинари очигледно му дадоа повеќе гласови на Шпанецот.

Во изборот гласа по еден спортски новинар од првите 100 земји на ФИФА ранг-листата. Секој новинар одбира по 10 фудбалери од листа од 30 за кои гласа дава бодови, односно 15 за најдобриот, 12 за вториот, 10 за третиот и така натаму.

Карло Анчелоти од Реал Мадрид беше прогласен за најдобар тренер, Реал Мадрид за најдобар клуб, наградата за најдобар млад играч ја доби Ламин Јамал од Барселона, потоа Хери Кејн и Килијан Мбапе беа прогласени за најдобри напаѓачи, а Емилијано Мартинез е најдобар светски голман.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе