Би се откажале од некои прехрамбени производи за да купат цигари. Македонците најголеми пушачи во регионот, а во топ 10 се и во светот. Над 45 отсто од населението во земјава консумираат цигари.
Во истражувањата спроведени од тимот на Аналитика кој беа презентирани во Тирана, стои дека во семејствата каде има пушачи, особено во оние посиромашните, се одлучуваат дури и да се откажат од одредени прехрамбени производи, млеко и други млечни продукти за да имаат доволно пари за цигари. Слична е и состојбата кај фамилиите со поголем доход.
Таму се подготвени да ги лишат и своите деца од одредени работи.
Домаќинствата со среден доход и таму има исфрлање на некој производи она што е интересно да се каже тука е дека тоа се трошоците поврзани за образование. Сега ние сме свесни дека основното и средното образование се бесплатни, но постојат дополнителни услуги, курсеви, за странски јазици и така натака и се забележува дека домаќинствата кои ги трошат парите за тутун ги истиснуваат односно ги изолираат своите деца од вакви услуги. Кај богатите семејства пак станува збор за дополнителни трошоци за алкохол, односно зголемувањето на трошоците за тутун предизвикуваат да се зголемат трошоците за алкохолни производи, објансува Кристијан Кожески – Економски факултет Скопје, УКИМ
Бројките покажуваат дека во земјава цигарите се најевтини во однос на оние кои се продаваат кај нашите соседи. Минатата година една кутија во просек чинела 2, 4 евра, а на акциза отпаѓаат 1,12 евра.
Но, истражувањата покажуваат дека ако се зголеми специфичната акциза за 16 отсто приходите во буџетот годишно би пораснале за околу 30 милиони евра. Би се намалиле и трошоците за здравствените услуги.
Вие видовте во зависност од државата еве конкретно за Македонија имавме пример ако се зголеми акцизата за 15 проценти некаде за 10 отсто ќе се зголемат приходите од акциза во тој дел од буџетот. Она што е значајно е тоа дека износот на пари кои се собираат на тој начин во буџетот би требало и сметаме дека е така фер да се насочат кон оние потреби во фондот за здравство за лекување на болести кои се поврзани со цигарите. Значи едноставно тие пари да се употребат на начин кој ќе помогне да се подобри здравствената состојба во земјата, ние кажуваме да се бориме против не заразни болести, вели Мирјана Чизмовиќ од Институт за социо-економски анализи, Универзитет Медитеран, Црна Гора
Според, анализата во земјите од ЕУ минималниот износ на акцизата е 90 евра за 1000 цигари, кај нас пак изнесува 56 евра за 1000 цигари. Очекувањата се дека ќе се зголеми до 200 евра со што значително би скокнала цената на цигарите.
За сега препораките се да се воведат поблаги мерки против пушење, како на пример што беше во минатото кога имаше забрана во затворени простории.
Поригорозни чекори од типот на забрането пушење на отворено, генерално се применуваат во развиените држави.
Ирена Чачкова
