Охрид е елиминиран во 2.коло од ЕХФ Купот откако денеска загуби убедливо со 39-29 на гостувањето кај Потаиса Турда.
Нашиот тим не ја одбрани предноста од шест голови разлика од првата средба одиграна минатата сабота во салата „Биљанини извори“ и денеска комплетно потклекна пред романскиот состав.
Иако во првото полувреме Охрид имаше активен резултат и на паузата замина со негатива од само три голови или 17-14, комплетно се распадна во вториот дел. Романците имаа серија од 9-2 по што поведоа со +11 голови разлика и не дозволија тимот на Стевче Алушовски да се врати во игра. Конечниот резултат гласеше 39-29.
Гоце Ојлески и Теимураз Орјоникидзе беа најефикасни во нашиот тим со по пет голови, додека нерешлива енигна во тимот на Потаиса Турда беше Раду Кристијан Гита, кој постигна 15 погодоци.