Вести Македонија Најважни

Николовски за Коридор 8: „Овој проект нема да се работи, дали ќе работиме нов ќе видиме“

Начелна согласност за продолжување за завршување на проектот и изградба на пругата на Коридор 8 е постигнат а министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски, изјави дека проектот ќе мора да се смени бидејќи за постоечкиот проект и цена нема согласност од македонска страна.

Почна дијалог вчера во Брисел. Следно за две недели на 31 пак средба. Да видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот нормално да се разгледа цената, по оваа цена секако дека не можеме. Да видиме што ќе направиме. Јас сеуште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи дали ќе работиме нов, ќе видиме“, изјави Николовски, министерот за транспорт и врски и вицепремиер.

Во официјалното соопштение на министерството за транспорт и врски стои дека единствен прифатлив услов на Македонија за реализација на пругата е ако Бугарија почне со проектирање на тунелска цевка, а двете земји заеднички извршат пробивање на тунелот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братот на градоначалникот Стефковски „отрчал“ во станица за да плати казна за пребрзо возење на Велигден, Тошковски најави кривични за началник кој наредил полицаец да пише казна на друг човек

Дејан Дејан

Затемнување во Шпанија и Португалија- прогласена вонредна состојба откако двете држави останаа без струја

Дејан Дејан

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе