Вести Економија Топ вести

Граѓаните добија поевтинување од околу 10 отсто, трговците „вртат” добивки од милиони евра

Милионски профити оствариле минатата година трговците кај кои граѓаните секојдневно пазарат, покажуваат податоците од Бизнис мрежа.

Според, нивната анализа на врвот на листата е познат ланец маркети кои лани направил добивка од околу 10 милиони евра.

Со најмал профит е трговец кој заработил близу 700 илјади евра.

Овие милиони се направени во време кога тогашната влада на неколку  пати воведе мерки за да ги контролира високите цени.

И оваа година проблемите со скапотијата продолжија. Особено во летните месеци можеше да се забележи нов бран поскапување. Прво се донесе таканаречена есенска кошничка од над 70 производи чии цени се намалија. Некои поевтинија за само еден  денар,  а кај некој намалувањето беше поголемо.  Од денеска пак  е на сила и Законот за нефер трговски практики со кои треба да поевтинат над 2.500 продукти преку  ограничување на рабатот.

Тука влегуваат и оние производи  од есенската кошница. Но, ефектот од законот  граѓаните ќе го почувствуваат дури од ноември.

На овие одлуки реагираа трговците и дел од бизнисот. Ова неодамна го потврди и министерот за економија Дурмиши кој рече дека ваквите мерки нема да ги намалат нивните добивки, кои од анализата можеме да забележиме дека се навистина големи.

И од ССМ посочија дека трговците го искористиле периодот пред да влезат одлуките за цените во Службен весник и ги зголемиле цените за дополнително да се збогатат.

Пресметки од синдикатот покажуваат дека токму кај трошоците за храна има најголем скок. На едно четиричлено семејство за да го истурка месецот му се потребни над 1.000 евра, а најголем дел од семејниот буџет се троши на храна и пијалоци.

Есенската кошничка ќе важи еден месец. Планот е потоа да има божиќна, велигденска и рамазанска кошница со која ќе бидат опфатени производи кои граѓаните најмногу ги купуваат за време на овие празници.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе