На фирми повеќе од 100 дена државата не им ги исплаќа парите од повратот на ДДВ. Генерално станува збор за поголеми компании. Оние кои се пожалија до нас, сакаа да останат анонимни. Поради ова се соочуваат со потешкотии да ги исплатат обврски кон добавувачите, а во меѓувреме треба да направат и нови нарачки на суровини и материјали за кои повторно треба да платат ДДВ, а претходното државата не им го има вратено со месеци. Од УЈП се уште се чека на одговор дали е тоа така и кои се причините. но премиерот Мицкоски пак потврди дека се доцни со повратот. Уверува дека проблемот не е во буџетот. И за оваа тема вината ја гледа во неговите претходници. Не прецизираше кога точно фирмите ќе ги добијат парите кои им се неопходни за да работа, рече само дека во моментов се прават контроли и кога тие ќе завршеле ќе им бидат исплатени средствата.
Ќе бидат сите проверени, бидејќи до сега се исплаќани пари на фантон фирми милиони евра поврат на ДДВ потоа истите тие фирми се отуѓувани на граѓани кои што не постојат од една од околните земји и потоа тие фирми се згаснуваат и парите на граѓаните завршуваат во приватни џебови најчесто во кеш и на тој начин се празнел буџетот. Повеќе нема на такви фантом фирми да се исплаќаат поврати на ДДВ, ќе се исплаќаат откако ќе подлежат на строга контрола и ќе се исплаќаат во рамки на законскиот рок, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Стопанството веќе подолго време бара промена во системот за поврат на ДДВ.
Рокот во кој државата треба да направи поврат е 30 дена, ако доцни треба да плати и камата, но тоа никогаш не се случило. Сакаме да се воведе компензација на ДДВ. Тоа значи дека при набавка на суровини, материјали компанијата да не го плаќа данокот на додадена вредност, туку таа сума да и биде одбиена од износот кој треба да го добие фирмата како поврат. Ова е нешто што бизнисот го бара со години, вели за Телма генералниот менаџер на Даути Комерц, Џемаил Даути
Мицкоски не одговори дали би се спровело ова барање , рече само дека нивната цел е да се имплементира системот е- фактура нешто што одамна требало да се воведе.
Ирена Чачкова
