Ранци, тетратки, блокови, дрвени боички. Владата на денешната седница одлучи да ги „замрзне“ цените на дел од училишниот прибор. Тие ќе бидат со ограничени маржи од денеска, па сè до 20 октомври. Највисоката профитна маржа во трговијата на големо е определена на износ од отсто, а во трговијата на мало до 10 проценти.
Со одлуката, се очекува цените на училишните средства да се намалат, а со тоа паралелно да паднат трошоците на семејствата кои имаат ученици.
Опозицијата уште вчера реагираше дека со ваквата одлука се доцни со образложение дека најголем дел од родителите веќе ги обезбедиле материјалите за училиште.
