Вести Економија Топ вести

ТЕЦ Неготино златна резерва за државата, а за поранешните членови на Управниот одбор златна кокошка

И плата и надоместок за предвремено раскинување на договор за поранешните членови на Управниот одбор на ТЕЦ Неготино. Оваа централа пред извесно време стана дел од ЕСМ и повеќе не функционира како посебен правен субјект.

Но, според информациите од енергетските кругови со целиот процес на спојување лицата од Управниот одбор кои се со менаџерски договори, од централата преминуваат на позиции во ЕСМ. Таму влегуваат на добри работни места, а поради тоа што повеќе не се членови на Управен одбор и заради предвремено раскинување на договор, добиваат и плус надоместок од близу 2.000 евра. Парите можат да ги земат или одеднаш или да ги добиваат месечно во период од една година.

Од ТЕЦ Неготино за Телма го потврдија ова. Образложија дека тука нема ништо незаконско, се почитувале само договорите кои не се нови, туку постојат со години.

Прашавме и во ЕСМ дали сметаат дека ваквите договори се етички и на кои позиции се поставени луѓето. Одговор од таму се уште се чека.

Токму за ова антикорупционерите добиле претставка и веќе е оформен предмет.

Интересно е што вакви договори постојат во централа која се чува како ладна резерва.  До пред енергетската криза 12 години беше исклучена.

Од синдикатот за индустрија, енергетика и рударство пак век велат дека е крајно време да се направи ревизија на менаџерските договори.

Aко тие се стари менаџерски договори со потпишување од пред 15 години секако дека треба да се ревидираат, секако дека не е етички и треба да се направи ревизија на менаџерските договори во иднина за да се намали финансискиот  товарот на овие енергетски компании. Ние како синдикалци не се согласуваме со ова и ќе дадеме придонесеме да се променат работите во иднина, вели за Телма Игор Герасов претседател на СИЕР

Кога се случи спојувањето од ЕСМ соопштија дека со тоа ќе се овозможи поефикасно искористување на централата. Со оглед на тоа што цената на струјата од ТЕЦ Неготино е повисока и од берзанските, се отвори прашањето како ќе се постигне таа поголема ефикасност. Во изминатиот период доста  се пишуваше за работењето на ТЕЦ Неготино и набавките на мазутот.

Антикорупциска комисија отвори предмет во кој откри сомнителни зделки поради што  достави иницијатива до обвинителството.

Минатата година пак кога се стави во фунцкија централата по некое време беше повторно исклучена. Тогаш образложението беше дека тоа се прави поради топлото време, но информациите до кој дојде Телма говореа  дека причината причината беше недостатокот на мазут. Немало редовна достава од страна на доставувачот РКМ. Набавени биле околу 190 илјади тони мазут, па се отвори прашањето како се јавил овој недостаток.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе