Вести Економија Топ вести

ЕСМ купува струја за еден милион евра, парите одат во џебот на две компании

Нови милиони за нови набавки на струја. Откако пред околу две недели се потрошија над 1, 3 милиони евра за да се обезбедат потребните количини од неколку трговци, сега за само една недела  две компании ќе приберат околу 1 милион евра.

Парите одат кај  домашната ТЕТО која работи на отворен пазат и кај  веќе добро познатата албанска фирма ЕТМТ Енерџи. Од нив се купуваат над 7.000 мегават часови по цени од 130 до 136 евра за мегават.

Во овој период може да се забележи  дека доста често има проблеми во работата на РЕК Битола. Последно се случи вчера кога надвор од мрежа повторно беше блок 1. Ова е трет испат за само еден месец. Причината бил далновод од МЕПСО.

Ова во РЕК Битола  се случуваше и во текот на зимата кога температурите беа длабоко под нулата.

Во меѓувреме се разговара за нов генерален директор на ЕСМ. Надзорниот одбор заседава, треба да се комплетира Управниот. Информациите говорат дека прв човек на компанијата најверојатно ќе биде Лазо Узунчев кој доаѓа од познат ланец за бела техника.

Кој  и да дојде на ова место може да се види дека  ќе се соочи со доста големи предизвици. Најголем проблем е тоа што производната цена на ЕСМ  е далеку повисока од онаа по која ја продава струјата. На некој начин цената за домаќинствата е под контрола, но за малите потрошувачи од први јули односно за околу 70 илјади фирми цената значително порасна.

ЕСМ веќе подолг период има проблеми со ликвидноста. Добиваше пари од буџетот, но со крајот на енергетската криза сопре и префрлањето на средства во компанијата. Често пати е и на листата на должници на финансии. Се донесе одлука да го преземе и парното,  но и на компаниите кои беа формирани за таа намена работата не им оди добро.

Тешко оди и враќањето на доспеаните долгови. Дел од нив ќе се покријат  со пари од буџетот, но за во иднина менаџментот ќе треба сам да се бори со состојбата во која се наоѓа ЕСМ, компанија која во минатото беше најпосакуваната за работа.

Според, последните податоци на МЕПСО минатата година за набавка на струја биле потрошени околу 13 милиони евра.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе