Вести Економија Македонија Топ вести

Трошокот за живот во јули пораснал за 245 денари, минимална кошница сега изнесува 60.570 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2024 година  пораснала за 245 денари и изнесува 60.570 денари, објави ССМ.

Од таму додаваат дека доколку пресметката се прави за четиричлено семејство кое од својот месечен буџет издвојува и за изнајмен стан од 60 квадрати тогаш трошоците значително се повисоки и изнесуваат 75.945 денари.

Според пресметките на синдикатот една третина од парите или 22.008 денари одат за храна и пијалаци, потоа за режиски трошоци со 6.014 денари, образование 7.022, облека и обувки 4.979 денари, а најмалку пари се одвојуваат за ставката здравје 1.135 денари.

Државниот завод за статистика пак денеска ги објави податоците за трошоците на живот во јули. Според нивните статистики споредено со јули минатата година тие пораснале за 3 отсто, додека кај цените на мало се бележи зголемување за 3,9 проценти.

Се нотира дека трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование останале на исто ниво како и во претходниот месец.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %.

Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5%.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на растот на трошоците на животот во групите: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: облека и обувки за 0.5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %, комуникации за 0.1 %.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе