Вести Македонија Најважни

Со помош од Турција и Хрватска од воздух се гасне разгорениот пожарот над Битола, шестте авиони полнат вода од Преспанското езеро

Три македонски, два турски ер трактори и еден хрватски канадер попладнево од воздух го гаснат пожарот над Битола, кој повторно се разгоре околу 15 часот.

Шестте авиони полнат вода од Преспанското езеро и го надлетуваат ридот над градот каде се уште беснее огнената стихија.

По мактрпната ноќ во која стотина пожарникари и доброволци се бореа со пожарот,  со воздушна поддршка точно напладне, беше ставен под  контрола, но не и целосно ликвидиран, а по  неколку часа  се рекативираше еден крак кој е на непристапен терен.

Засега нема опасност  по градот и околните населби, уверуваат од ЦУК  Екипите на противпожарната единица се  на  критичните точки.

  • Имаме на едно место опасност од проширување каде имаме стационирано луѓе од ТППЕ и јавните претпријатија. Тоа е непристапен терен, вели Горан Димковски од ТППЕ Битола.

Пожарот избувна вчера попладне и зафати над 100 хектари површина со сува трева, грмушки  и мешана шума.

Обиколницата од магистралниот пат Прилеп- Битола- Охрид од синоќа е  затворена за сообраќај, кој се пренасочува низ градот. Состојбата беше драматична и во текот на ноќта, кога пламените јазиции ја голатаа шумат  а сликата беше видлива и од Битола. Со копање пресеци на ридот, пожарникарите се бореа  пожарот   да не го зафати градот.

  • Со возилата бевме на лице место на највисоката точка, таму го спречиве да не се прошири и да замини во недоглед за да не можеме да се справиме уште долго време, вели Димковски.

Овој рид е едно од белодробните крила на градот, кој беше пошумуван после големиот пожар пред повеќе од 15 години.  Битола од вчера е во чад и воздух кој тешко се дише

Од пожар кој цела ноќ гори на ридот над Битола, градот е целосно обвиен во чад и се чувствува силна миризба на изгорено.

Вчера во пожарот беше повреден еден пожарникар кој со изгореници по телото е хоспитализиран во битолската болница, но е надвор од животна опасност. Се претпоставува дека огнот најпрво избувна од ѓубриште  и потоа се прошири низ шумата. Месното население од горниот дел на Баирската населба, постојано се ослободува од сметот на обиколницата каде се создаваат  диви депонии, кои се опасност за предзвикување на пожари.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонски државјанин призна убиство на Гркинка на Крит

Дејан Дејан

Истрага за полов напад врз малолетно лице во Штип

Дејан Дејан

Воспоставена нова авиолинија Виена – Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе