Вести Економија Топ вести

Се прекројува државната каса, ребалансот на буџетот во вторник на владина седница?

Се прават последните пресметки од каде да се скрати, а каде да се префрлат повеќе пари. Според, информациите планот е ребалансот на буџетот во вторник да се најде на владина седница. Анализите покажаа дека треба да се пренаменат 200 до 300 милиони евра. Министерката за финансии Кочовска рече дека во апсолутна бројка приходите и расходите како и дефицитот нема да се менуваaт, но процентуално дупката во буџетот ќе расте.

Со ребалансот пари треба да се обезбедат за повисоки пензии но и за општините. За овие средства познавачите предупредија  добро да се искористат со оглед на тоа што има доста општини со долгови, превработени  и без капацитет да направат проект за да добијат од средствата.

И синдикатите чекаат  зголемување на минималецот на 450 евра и тоа до крајот на септември. Но, ова е се поизвесно дека нема да се случи. Прво во програмата нема ништо за минималната плата, а премиерот Мицкоски пред да замине за Вашингтон рече дека ќе се сретне со синдикатите и дека ќе им го даде на увид буџетот за да видат сами дали има пари или не.

Треба да легне и заемот од унгарската Влада, од 500 милиони евра, кој пред неколку дека го најави Мицкоски.  Дел од експертите коментираа дека треба да се објасни зошто два месеци претходно на големо се најавуваше позајмица од милијарда, а потоа сумата се преполови. Но, сега Мицкоски  во интервју за МРТВ  тврди дека договорил повеќе од милијарда.

Ветив милијарда донесов повеќе но, повеќе во зависност од потребите на граѓаните. Зошто да земеме сега повеќе од 500 милиони во овој момент кога треба да плаќаме камата која што нема потреба да ја плаќаме, зошто не ни требаат ќе ни требаат во јануари за да вратиме обврзница која ја земала владата на СДСМ  и ДУИ, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто.

Според, бројките за половина година се реализирани само 28 отсто од планираните капиталните инвестиции.  Најверојатно оваа ставка ќе биде таа од каде ќе се префрлаат пари, онаму каде што треба, но и од ставката разни трансфери.

Најчесто при креирање на буџетот капиталните инвестиции високо се проектираат и по извесно време токму од кај нив се крати. Ребалансот на буџетот треба да биде изгласан во собранието најдоцна до првата недела од август.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе