Вести Економија Топ вести

Мицкоски најави нова инвестиција, СДСМ обвини дека се „кити“ со туѓи перја

За американската компанија Вабтек за која премиерот Мицкоски најави дека ќе инвестира во Бунарџик, во времето на претходната Влада, Комисијата за заштита на конкуренција дала условено решение со кое побарала инвеститорот да го задржи постоечкиот објект во Скопје, доколку сака паралелно нова инвестиција во ТИРЗ зоната.

По потегот на КЗК, ТИРЗ и тогашниот директор Деспотовски поднесуваат тужба против Комисијата. Управниот суд носи пресуда во полза на ТИРЗ.

Според, информациите иако Комсијата требала да постапи по одлуката,  од јануари годинава  па се до сега тоа не го направиле.

Прашавме и во Комисијата за заштита на конкуренцијата зошто до сега не постапиле по судската одлука и како ќе се однесуваат сега во однос на ова прашање, или пак за да се реализира инвестицијата овој пат ќе се спроведат други механизми, но сè уште се чека на одговор од таму.

Поранешниот директор на ТИРЗ Деспотовски напиша дека неговиот тим две години се борел со институциите и дека и тие и политичарите заборавиле дека работат во интерес на граѓаните.

Од СДСМ, пак, во чие време траат овие борби обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува  да ја манипулира јавноста со наводно нови инвестиции и бараа да се објават условите под кои компанијата ќе го шири производството и што точно е договорено.

Мискоски најави дека компанијата ќе инвестира 35 милион евра, а ќе бидат отворени 100 нови работни места.

Инаку, според податоците компанија во земјава веќе неколку години работи во кругот на „Металски Завод Тито“ во Скопје и произведува сопирачки за возови, главно за странски пазари. Последните две години бележи минус во работењето. Според, податоците има и кредит за враќање, а во 2019 година добила и околу 5.000 евра средства од буџетот.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе