Вести Македонија

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа

Нова директорка на Управата за јавни приходи (УЈП) е Елена Петрова, а за директор на Царинската управа е назначен Бобан Николовски. Новите кадровски решенија се овие институции се назначени на денешната владина седница.

Петрова ја извршуваше функцијата дополнителен заменик-министер за финансии во техничката Влада. Таа е дипломиран економист со над 25 години искуство во УЈП, каде што работела на раководни позиции, вклучувајќи управник на Дирекцијата за големи даночни обврзници.

Од владината прес-служба информираат дека таа има активно учество во неколку управни одбори и поседува лиценци и сертификати, вклучувајќи обуки и соработки со Светска банка, ММФ и други меѓународни организации.

Николовски доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание и има 15 години работно искуство во Царинската управа, вклучувајќи и работа како директор на ЈП „Куманово план“. Има магистратура по бизнис и поседува десетици обуки и лиценци за царинско работење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе