Вести Економија Македонија Топ вести

Измените на Законот за енергетика, по скратена постапка, пред парламентарците- ќе се спасат ли граѓаните од поскапување на струјата

Собранието утврди потреба за менување на Законот за енергетика по скратена постапка. Законот има цел да спречи зголемување на цената на струјата од први јули, образложи ВМРО-ДПМНЕ како предлагач, односно, ќе придонесе првата и втората категорија потрошувачи да ја задржат истата цена, а третата и четвртата категорија да имаат минимално зголемување од 1 до 2 проценти.

Премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор запрв човек на Владата, и пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа дополнувањето на Законот за енергетика со цел да се спречи зголемување на цените на струјата од 1 јули.

Со Законот треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти.

Со Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучот од ставот (9) односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата.

Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија.

На оваа седница како прва точка е верификација на мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на Мицкоски и на неколкумина други новоизбрани министри.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе