Според информации на Телма, на денешната аукција ЕСМ понудиле цена од 60 евра за мегават час за својата струја која е наменета за граѓаните и малите потрошувачи. Понудата е и да поркиваат 85 отсто од потребите на домашен пазар. За дополнителните 15 отсто стигнале две понуди по цени од 140 евра за мегават час
Но, ЕВН ХОУМ односно Универзалниот снабдувач донеле одлука за дополнителните 15 отсто понудите да не ги прифатат и за истите количини ќе има нов тендер во текот на јули.
За денешната аукција се чека официлано соопштение да биде испратено од страна на ЕВН ХОУМ
Новата цена на стрјата ќе се донесе деновиве, а ќе важи од први јули.