Вести Економија

Николовски: Не планираме да соработуваме ни со Кина, ни со Русија, милијардата ќе биде од земја членка на ЕУ и НАТО

Милијардата кредит ќе биде од земја членка на ЕУ и НАТО, тврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за фамозното предизборно ветување на лидерот Мицкоски.

Не планираме да соработуваме ни со Кина, ни со Русија, ни со Саудиска Арабија итн. Заради кризата во светот, меѓународните кредитори од типот на ММФ, Светска банка, ги поскапеа парите, и одат веќе и над 5 проценти, што е исклучително скапо, рече Николовски.

Вели дека заемот ќе биде договорен влада со влада, но и дека имаат со 2 основни предуслови.

Каматата да е пониска од меѓународните кредитори, но повторно ќе има камата тој што ќе ги позајми парите факт е дека ќе заработи, нема да ги даде како подарок тие пари, ние би биле среќни доколку каматата е под или околу 3 проценти. И, второ, да има еден пристоен грејс период и пристоен период на враќање на тој кредит, како би можел истиот да биде употребен за развој на државата, рече Николовски.

Вели дека ништо не објавиле затоа што не е постигнат дефинитивен договор.

Не можете вие од опозиција сѐ да договарате, ќе се водат разговори коишто треба ова да го дефинираат. Ние ќе понудиме најмалку на три држави да разговараме под исти или слични услови, ќе видиме со кој ќе се договориме. Но, она што исто така можам да го кажеме е дека многу е важно, во однос на државата, каква е состојбата со задолжувањето и каква е состојбата со сервисирањето на долгот. Во моментот Македонија надмина 60 проценти јавен долг, којшто најчесто е со каматни стапки над 5 проценти. Овие средства ќе овозможат и тој долг да се репрограмира и да оди под 60 проценти, рече николовски.

Со една држава сме во напредна фаза, но не исклучува дека може да се појават и други држави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе