За коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ, Зекирија Ибраими, коалиција Влен и генерален секретар на Алтернатива, во вечерашната Топ Тема рече дека дека тие веќе се подготвуваат за опозиција, а некои и за Идризово.
- Тоа што е важно е да се каже дека, ниту тие, ниту кој било во државата не кажува кој е тој дел од Охридскиот рамковен договор што е прекршен, кој член од Уставот е прекршен, кој легитимитет на Албанците е прекршен. Станува збор за „солзи на власт“, бидејќи тие по 22 години власт, не можат да се замислат во опозиција, вели Зекирија Ибраими, коалиција Влен и генерален секретар на Алтернатива.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.