Uncategorized

47 „Денови на македонска музика“ започнуваат со концерт на Воениот оркестар

Годинашново, 47 издание на Фестивалот „Денови на македонска музика“, ќе започне в петок (22.март) со концерт на Воениот оркестар на Армијата на РСМ, под диригентска палка на Горан Илијевски. На концертот што ќе се одржи во големата сала на Филхармонијата, ќе бидат изведени дела од македонскит композитори, создадени за голем дувачки оркестар.

  • Програмата на „.Денови на македонска музика“ е во знакот на извонредното творештво на македонските композитори од поголем обем: симфониско, оперско, дела за гудачки оркестар, но и камерен опус. Со концертите ќе бидат одбележани и повеќе значајни јубилеи, на композиторите Томислав Зографски, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Живојин Глишиќ, Тодор Трајчевски, но и јубилеите на МРТВ – 80 години од основањето и Н.У. Танец – 75 години од основањето, се вели во дописот од Сојузот на композитори на Македонија, кои ја организираат манифестацијата.Вториот концерт е на 24.03.2024 (недела) во малата сала на Филхармонија, каде камерниот
    оркестар „Профундис“ со солисти ќе ги изведат делата на композиторите Гоце Коларовски, Фатос Лумани, Дарија Андовска, Гоце Гавриловски и Ангел Спироски.

    Програмата на фестивалот вклучува премиерни изведби на дела од помладата генерација, како и изведби што се вбројуваат во ремек-делата на сите генерации композитори. Со свои концерти ќе се вклучат и Националната опера и балет, Филхармонија, камерниот ансамбл „Алтус“, а ќе заврши со традиционалната „Трибина“, посветена на состојбите со творештвото на македонските композитори.

    – Уметничкиот одбор и СОКОМ при кониципирање на програмата поаѓа од фактот – домашното уметничко творештво зависи од сите нас, од нашата одговорност и од нашата грижа да овозможиме создавање, изведба и промоција на дела што го означуваат нашето минато, сегашност и иднина, велат од СОКОМ.

    Влезот на сите концерти е слободен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот процес тече мирно – дел од граѓаните гласаат и за двата избори, а некои само за парламентарни

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе