Кошарка Спорт

Дончиќ ги запре Лејкерс во ЛА: Нов трипл-дабл на Јокиќ, но Денвер загуби во Орландо (ВИДЕО)

Во НБА-лигата утринава имаше богата програма од дури 14 натпревари. Правиме преглед само на најинтересните пресметки.

Далас ја запре победничката серија од три натпревари на Лејкерс и славеше во Лос Анџелес со 104-101. Лука Дончиќ ги предводеше Маверикс со 30 поени и 12 скока, а голема помош имаше и од Кајри Ирвинг со 28 поени меѓу кои и една клучна тројка во финишот. Кај Лејкерс, Леброн Џејмс имаше 26 поени.

Шампионот Денвер загуби на гостувањето кај Орландо со 124-119. Франц Вагнер со 27 поени ги предводеше Меџик до нивната петта победа по ред. Никола Јокиќ пак стигна до шестиот трипл-дабл сезонава, а вкупно 111-ти во кариерата со 30 поени, 13 скока и 12 асистенции.

Во дербито на Истокот, Бостон го победи Милвоки со 119-116. Џејлен Браун имаше 26 поени, а Џејсон Тејтум 23 за Селтикс, кои и натаму го имаат најдобриот рекорд во лигата со 12-3. Брук Лопез имаше 28 за Бакс, додека Демијал Лилард 27.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Вашингтон 117-114
Атланта – Бруклин 147-145 (продолженија)
Кливленд – Мајами 96-129
Индијана – Торонто 131-132
Хјустон – Мемфис 111-91
Минесота – Филаделфија 112-99
Њу Орлеанс – Сакраменто 117-112
Оклахома – Чикаго 116-102
Сан Антонио – ЛА Клиперс 102-109
Феникс – Голден Стејт 123-115
Портланд – Јута 121-105

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјално: Жиру го напушта Милан и продолжува во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Заборски петти на ЕП во Задар, машкиот тим во борби го освои 7.место

Дејан Дејан

РФМ: Благодарност до цела македонска ракометна јавност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе