По Макпетрол и од Технолошко- индустриските развојни зони кој се потошувачи на руски гас, потврдија дека цената за сега е непроменета, односно дека нема зголемување. Договорите им се месечни, а сумата во оној за ноември е иста, за декември допрва ќе се види. Вчера и од Макпетрол, соопштија дека цената останува иста за нивните клиенти, без разлика на таксата од 10 евра која Бугарија ја воведе за рускиот гас, а рускиот доставувач останува на она што е договрено.
И од когенеративната термоелектрана ТЕТО, потврдија дека и кај нив се уште нема влијание бугарската такса. Вчера, пак минисетрот Бектеши рече дека пресметките кои ги направил покажале дека рускиот гас во земјава поскапел.
Дека снабдувачите кои имаат директен договор со Газпром, започнале со зголемување на цените, за 10 евра со вградување на таксата, која е воведена во Бугарија.
Бектеши се надева дека Софија ќе го ослободи посточекиот гасовот од закупот на Газпром и дека на тој начин земјава целосно би се ослободила од рускиот гас, но не кажа колку би не чинела замената со количини од други извори.
- Веќе ослободените количини се азербеџански, се ЛНГ гас кој доаѓа од терминалите во Турциј, гас кој доаѓа од САД, но и од други извори, а нема никако руски гас кој доаѓа преку цевка. Ако се ослободат уште 200 милиони ќе има нула поторшувачка од руски гас и тоа ќе оди во штета на некој снабдувачи а во корист на граѓаните, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
Владата веќе извесен период бара од Бугарија да ги ослободи капацитетите. За проблемот со давачката ја извести и Европската комисија, а известени се и од Булгратранс гас и енергетската заедница. Сепак, од Европската комисија од која се бара реакција, минатата недела дадоа зелено светло за бугарскаат такса. Искоментираа дека станува збор за национална мерка и Софија сама ќе одлучува, како заработените пари од давачкјата ќе ги распредели. Проценките се дека Бугарија од таксата ќе заработи над 1 милијарда евра. А ако не се ослобдоат капацитетите, Премиерот рече загревањето и струјата ќе поскапат за 20 отсто. По, оваа изјава минатата недела, вчера тој со смеа ги проследи новинарксите прашања за снабдувањето со гас на земјава.
Ирена Чачкова