Ракомет Спорт

Грчкиот селектор со провокација: Ќе одиграме два силни натпревари со – Скопје! (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација во оваа ЕХФ-недела посветена на репрезентациите ќе одигра два пријателски натпревари со Грција во Солун. Од таборот на нашиот јужен сосед очигледно не се фокусираат на пријателскиот дел од двата дуели, бидејќи нивниот селектор веднаш упати остра провокација кон нашиот тим.

Јоргос Заравинас, селекторот на грчката ракометна репрезентација во изјава за официјалната интернет страница на федерацијата на нашиот јужен сосед упати провокација до македонската репрезентација, нарекувајќи ја Скопје.

„Сега сме во Солун и ја одработуваме првата недела од подготовките за нашиот нов успех, пласманот на Европското првенство. Оваа фаза е важна за нас и ќе одиграме два силни натпревари со Скопје“, вели Заравинас во дел од својата изјава. 

Очигледно Грците и натаму имаат проблем со нашето име, без разлика на промената. Македонската ракометна репрезентација двата дуели со соседот ги игра во Солун на трети и четврти ноември со почеток од 17:30 часот. Нашиот тим се подготвува во Скопје, а заминува за Грција во четврток.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе