Кошарка Спорт

Пораз на Американците, Шпанија елиминирана од СП

Познати се сите четвртфинални двојки на Светското првенство во кошарка што се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини.

По денешните натпревари од Главната рунда осум селекции остануваат во трката за трофеите. Репрезентацијата на Шпанија е совладана од Канада со 88:85 и нема да има шанса да го брани златото додека Литванија успеа да направи подвиг и триумфираше над селекцијата на САД со 110:104.

Во директен дуел за пласман во четвртфиналето Србија забележа убедлива победа од 112:79 во соочувањето со Доминиканската Република, а Германија славеше над Словенија со 100:71.

Најголемата сензација на првенството Летонија успеа да се пласира меѓу осумте најдобри откако триумфираше над Бразил со 104:84.

Во последните три средби Италија забележа победа од 73:57 во дуелот против Порторико, Австралија ја совлада Грузија со 100:84 додека Црна Гора славеше над Грција со 73:69.

Во вторник во првиот дел од четвртфиналните дуели се среќаваат Србија – Литванија и САД – Италија додека за в среда закажани се мечевите Германија – Летонија о Канада – Словенија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Распродажба во Милан: Тео оди во Ал Хилал, Мењон во Челси

Дејан Дејан

Челси не го сака Санчо: Фудбалерот се враќа во Манчестер јунајтед

Дејан Дејан

Бруно Фернандеш одби да се пресели во Саудиска Арабија – останува во Манчестер јунајтед

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе