Вести Економија Македонија Најважни

Координаторите за автопатите на Коридорите 8 и 10д ќе земаат плати повеќе од 1.000 евра

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД) донесе одлуки за вработување работници во проектната единица за спроведување на проектот за изградба на инфраструктурниот проекет Коридор 8 и Коридор 10д, согласно со огласот 1/2023,  објавен на 13 април со којшто се бараше ангажман на работници на повеќе позиции од градежништвото, административни работници и возачи.

Донесена е одлука за избор на Семијал Хасани Зибери за работното место – помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, позиција за која е предвидена плата од 70.052 денари.

За местото координатор на единицата за техничка изведба на проектот, за кое е предвидена плата од 65.029 денари, ќе биде ангажиран Рами Јусуфи.

Вработени се само двајца од планираните четворица специјалисти за експропријација на имот предвидени со огласот. Ангажман добиле и еден преведувач, а наместо по двајца извршен е избор на  по еден специјалист за следење и подготовка на проектна документација, еден административен работник и еден возач. Не е извршен избор  за позицијата известувач за проектот, специјалист за инвестиции и градба на патишта, како и специјалист за урбанистичко планска документација.

Огласот беше објавен на 19 април и траеше до 25 април, а договорот е до 22 јануари 2028 година, односно до завршување на проектот. Одлуките на ЈПДП се достапни на линкот .

За спроведување на Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ со кој е предвидена изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д, неодамна во Собранието беа изгласани измени на шест закони.

Планирана е изградба на автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1  километар), Тетово – Гостивар ( 27  километри)  и на делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе