Спорт Фудбал

Вест Хем го продава Рајс, најголеми шанси му се даваат на Арсенал

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс ќе биде една од ѕвездите на летниот преоден рок откако неговиот клуб Вест Хем денеска потврди дека е подготвен за преговори за реализација на трансферот на првата ѕвезда во тимот.

Лондонскиот клуб ја одреди сумата од 115 милиони евра што би требало да ја плати идниот клуб на 24-годишниот фудбалер за кој интерес покажуваат неколку екипи во Премиер лигата, а се смета дека е најблиску до преселба во Арсенал.

Сумата за предвремен раскин на договорот е превисока со оглед на фактот дека Рајс во јуни следната година ќе има статус на слободен играч, но се чини дека жестоката конкуренција сепак го чини своето и заинтересираните клубови се подготвени за комплетирање на трансферот.

Рајс на почетокот од кариерата беше дел од академијата на Челзи, а во 2017 се пресели во Вест Хем за кој одиграл 239 натпревари и постигнал 14 гола.

Тој ги мина сите младински селекции на Република Ирска, а за сениорскио тим има и три натпревари, но во 2019 се реши да настапува за Англија за која има 41 настап.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјално: Жиру го напушта Милан и продолжува во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Заборски петти на ЕП во Задар, машкиот тим во борби го освои 7.место

Дејан Дејан

РФМ: Благодарност до цела македонска ракометна јавност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе