Спорт Фудбал

ФОТО галерија: Тетекс ја продолжи победничката серија во Маџари

Фудбалерите на Тетекс на гостувањето против Вардар успеаа да забележат победа од 2:1 и да ја продолжат победничката низа, но се уште се далеку од обезбедување на опстанок во Втората македонската лига.

Вардар со денешниот пораз има минимални шанси за директен пласман во елитното фудбалско друштво, но има реални шанси да се врати во Првата лига преку баражот.

На дуелот во Маџари, Вардар поведе со голот на Жоглев во 11-тата минута. До крајот на првиот дел Тетовци израмнија со автоголот на Мартин Радуловиќ Величковиќ, а конечните 2:1 за гостите ги постави Богдановиќ.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе