Спорт Фудбал

Рафиња си заминува од Барселона и прави кам-бек во Премиерлигата

Бразилскиот интернационалец Рафиња нема да остане во Барселона, бидејќи клубот планира да го продаде следното лето. Неговиот агент Деко, веќе добил понуди од Арсенал, Челси и Њукасл за враќање во Премиерлигата.

Каталонскиот тим го купи Рафиња минатото лето од Лидс за 60 милиони евра, а сега очекува да го продаде за повеќе пари односно 80 милиони евра. Наводно, Барселона освен Рафиња, планира да ги продаде и Франк Кеси, Ерик Гарсија, Феран Торес и Маркос Алонсо со цел да го финансира враќањето на Лионел Меси назад на „Камп Ноу“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе