Лука Модриќ е подготвен да потпише нов едногодишен договор со Реал Мадрид. Хрватот ќе биде слободен агент на 30 јуни летово, но не размислува за заминување.
Според шпанските медиуми, тој веќе ги договорил сите детали околу новиот договор и покрај тоа што добил понуда од 40 милиони евра годишно од клуб од Саудиска Арабија. Модриќ воопшто не ни сакал да преговара со друг клуб освен Реал Мадрид, каде веројатно и ќе ја заврши кариерата.
Претходно Реал договори продолжување на соработката и со Тони Крос до јуни 2024 година.
