Спорт Фудбал

Кристијано не сака да губи, најавува заминување од Саудиска Арабија

По само неколку месеци од потпишувањето на рекордниот договор со Ал Наср според кој за две години треба да заработи 200 милиони долари, Кристијано Роналдо по секоја цена сака да ја прекине соработката и во текот на летото да се врати во Европа.

Откако во ноември минатата година дефинитивно го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, 37-годишниот Кристијано Роналдо имаше желба кариерата да ја продолжи во некој клуб од Стариот континент, но услов беше тој да настапува во Лигата на шампионите.

Откако ниту една екипа не беше заинтересирана за Португалецот, тој на крајот реши да замине во Саудиска Арабија и кариерата да ја продолжи во Ал Наср.

Но, преселбата на Блискиот исток беше далеку од идилична, неговиот нов клуб остана без пласман во финалето од Купот, а во првенството Ал Наср заостанува три бода зад лидерот Ал Итихад со мали шанси да се искачи на тронот.

Фрустрациите кај Кристијано Роналдо беа видливи, а кулминација беше неговиот гест по поразот во Купот од Ал Вехда со кој ги разочара сопствениците на клубот.

Кристијано Роналдо неодамна сам се понудил да се врати во Мадрид и кариерата да ја заврши во Реал, но претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перез ја отфрли идејата, а потегот беше одобрен и од тренерот Карло Анчелоти.

Реал Мадрид има сосема други планови отколку да го враќа Кристијано Роналдо на Бернабеу, а тоа е да прави перспективен тим кој ќе доминира на терените во Европа.

Перез најави дека би сакал да го види Кристијано Роналдо во Реал, но само како амбасадор на Кралскиот клуб.

Доколу сака да се врати на Стариот континент, Кристијано Роналдо прво мора да се согласи на драстично помали примања во однос на заработката во претходните години бидејќи само така може да се најде клуб кој би сакал да го види во своите редови.

Пред да замине за Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо се поврзуваше со можен трансфер во Челзи, но евентуално враќање во матичниот клуб Спортинг Лисабон.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе