Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт најави дека за претстојните квалификациски натпревари против Македонија и Малта ќе ги повика најдобрите играчи и дека нема намера да подлегне на притисокот на клубовите да одмори дел од играчите кои во текот на сезоната одиграле голем број на мечеви.
Медиумите шпекулираа дека најголем е притисокот за настапите на Хари Кејн и Џек Грилиш, но се шпекулира дека на оваа листа има уште неколку фудбалери.

“Нашата цел е по четири одиграни натпревари да освоиме 12 бода и во вториот круг да влеземе со максимален учинок. Патем мора да се признае дека Англија се уште не ја совладала Македонија на домашен терен. Мора да се потенцира дека Македонија ја елиминираше Италија од баражот за настап на Светското првенство и затоа нема простор за калкулации и мораме да играме на највисоко ниво и најдобриот тим”, изјави Саутгејт на средбата со ученици од Лидс која се емитуваше на британскиот Канал 4.
Македонија против Англија ќе игра на 19 јуни, а Гордиот Албион ќе биде домаќин во Манчестер каде на последниот меѓусебен дуел резултатот беше 0:0.
ФОТО: Игор Паневски
