Вести Временска прогноза

Сончево и потопло преку ден – Временска прогноза за 19.3.2023

Утрото посвежо, преку денот претежно сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец.

Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 2°C, а максимумот од 14 до 20°C.

Агропрогноза:

Разладувањето на атмосферата, со врнежи од дожд и снег на повисоките места, со пониски утрински температури, во изминатата седмица, го успорија или го одржуваа на исто ниво пролетното будење на овошките, што е добро во овој период од годината.

Ниските минимални утрински температури викендов, од агрометеоролошки аспект можат да причинат штети со појава на мраз, доколку во регионите каде е веќе расцветан бадемот, сливата и раните сорти кајсии истите да паднат под -5°C, температура која е пониска од издржливоста на овошките во оваа фаза. Појавата и јачината на мразот не е секаде еднаква, многу зависи од позицијата на теренот, конфигурацијата на земјиштето, поточно области каде што постои ризик од мраз.

Во повисоките региони каде не е отпочната вегетацијата добро е што ќе ги одржи подолго време во мирување овошките, фаза која колку подолго се одржува, толку се поголеми шансите да имаме поуспешна реколта.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-6 Берово, Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Крушево, -2 Тетово, Претор, Прилеп, Штип, Струмица, Куманово, -1 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, 0 Виница, 2 Гевгелија.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе