Вести Економија Македонија

ФОТО: Руски фискални сметки со пена за кожни повреди „Медо“, странски маркети и полиња на промотивното видео на владата за „Година на нови можности“

Промотивното видео со кое беа презентирани резултатите на владата во минатата 2022-ра година беше полно со снимки и инсерти од странство, а посочени на конкретни активности во Македонија. Промотивното видео беше прикажано на отварањето на конференцијата „Година на нови можности“.

Во делот за зајакната фискална децентрализација има фотографија од фисклна сметка на која се гледа дека производите се напишани на руски јазик, а меѓу нив е и познатата руска крема за кожа и за лекување на повреди и рани на кожата „Медо“.

Во истиот сет инсерти се гледаат снимки од убави и чисти маркети со подредени производи и наплатување на модерна каса при што се гледа дека и производите и маркетот не се домашни и не се снимени во маркети во Македонија.

„Странски“ инсерти имаше и во делот за земјоделството каде се прикажани големи полиња и парцели од воздух, и садење пченица во крупен план.

На новинарско прашање за странските маркети, премиерот Димитар Ковачевски рече дека најверојатно станува збор за ненамерна грешка од професионалците кои го креирале видеото и се извини во нивно име.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе