Вести Временска прогноза

Променливо облачно и релативно топло – Временска прогноза за 18.1.2023

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои претпладне во северозападните делови ќе бидат пообилни. Снег ќе има само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно, во утринските часови со повремен дожд, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 9°C, а максимумот од 12 до 18°C.

Информација од утрово:

 Минимална температура (во °C)

-1 Попова Шапка, Лазарополе, 1 Маврови Анови, 2 Тетово, Берово, 3 Крушево, 4 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Струмица, 6 Битола, Претор, Дебар, 7 Гевгелија, 8 Штип, Охрид, Крива Паланка, Виница, Дојран, 9 Демир Капија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)

32 Лазарополе, 22 Пожаране, 20 Маврови Анови, 16 Тетово, 15 Дебар, 9 Попова Шапка, 5 Претор, 4 Скопје Зајчев Рид, 3 Куманово, Крушево, 2 Берово, 1 Битола, Гевгелија, Д.Капија.

Агропрогноза:

Врнежите од дожд забележани во изминатите денови, без разлика на нивните количества во овој период на есенско-зимска суша се добредојдени, особено за есенските житни култури каде недостатокот од влага видно се манифестираше со пожолтување на листовите.

Во наредниот период, новите врнежи кои се прогнозираат, очекуваме да ја подобрат оваа состојба, иако ваквите временски услови се некарактеристични за овој период од годината.

Земјоделците во овој период имаат вообичаено помалку работа на отворено, па така им останува повеќе време за планирање на пролетното производство.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе