Дневниот спортски весник Л’Екип ја објави листата на најдобри спортисти за минатата година и по петти пат во историјата престижното признание му припадна на еден фудбалер.
Во анкетата на Л’Екип првото место со 808 бода му припадна на Лионел Меси, кој со репрезентацијата на Аргентина триумфираше на неодамна завршеното Светско првенство. Тој е само петтиот фудбалер по Паоло Роси, Диего Марадона, Ромарио, Зинедин Зидан кој успеал да стигне до наградата и е првиот кој по втор пат во кариерата е прв во изборот на францускиот весник.
Веднаш зад него е тимскиот колега од Пари Сен Жермен и член на селекцијата на Франција, Килијан Мбапе кој освои 381 бод, а на третата позиција се наоѓа Рафаел Нада кој има 285.

Меѓу првите петмина се уште белгискиот велосипедист Ремко Евенпел и светскиот шампион во формула 1, Макс Ферстапен.

Шести е Карим Бензема, а на седмото место е светскиот рекордер во скок со стап Арман Дупланти. На осмата позиција се наоѓа Стефон Кари, а најдобрата десеторка за 2022 година ја комплетираат францускиот рагбист Антоан Дупон и романскиот пливач Давид Попович.
ФОТО: Игор Паневски
