Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најави дека клубот поради лошата финансиска ситуација и нејзино консолидирање нема да биде многу активна на трансфер пазарот, но Каталонците нема да се откажат од намерата да Камп Ноу да го доведат португалскиот репрезентативец Рубен Невеш.
Дефанзивецот во средниот ред со Вулверхемптон има договор до 2024 година и Премиерлигашот за предвремен раскин бара обештетување од 90 милиони евра.
Рубен Невеш во составот на Барселона е предвиден како замена за Серхио Бускетс бидејќи во моментов ниту Нико Гонзалес кој е позајмен во Валенсија, а уште помалку Франк Кесие не можа да бидат квалитетни алтернативи за шпанскиот репрезентативец и токму со нивна продажба се очекува да се обезбеди сумата која се планира да му се понуди на Вулверхемптон.
ФОТО: Игор Паневски
