Вести Економија Македонија Топ вести

Со 16 милиони евра од буџетот ќе се покрива долгот за неплатена струја на државните институции, долгот на општините виси

Државата скрпи околу 16 милиони евра од буџетот со кои во ЕВН ќе ги платат долговите за струја на дел од државните институции.

Ова не е ниту половина од сумата која ја побарува ЕВН бидејќи долгот на институциите и општините е над 40 милиони евра.

Од финансии за Телма велат дека обезбедиле онолку пари,  колку што побарале буџетските корисници.

Премиерот Ковачевски уште една потврди дека ќе се плати долгот на сите институции кои се од витално значење пред се на здравствените, но за општините нема никаква најава.

Владата мораше итно да најде пари за да ги покрие милионските долгови за струја бидејќи ЕВН почна со исклучувања.

Железници транспорт беа првата инститција која потона во мрак а клинички се спаси за  влакно.

По оваа експресно стигна гаранција од Владата дека долгот ќе се плати со прераспределба на средства од буџетот.

Долгот на Клиничкиот центар Мајка Тереза за струја е околу 7 милиони евра,  во кои  влегуваат и неплатени сметки од ГОБ 8 Септември.

На Македонски железници  пак е над 6,5 милиони евра. Долгови имаат и судовите, факултетите, затворите. Некои институции, фактурите не ги плаќале повеќе од три години.

За недомаќинството работеле, Ковачевски рече дека дел од раковидителите ќе сносат одговорност.

Некои веќе и се разрешени, но не отркива за кого станува збор затоа што од целиот процес не сакал да се прави сензација.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе