Вести Економија Најважни

Прво поефтина струја, а потоа намалување на цените на лебот за 10 отсто – реакција на прехранбената индустрија

Повикот објавен, на ред се 200 компании со рок до утре, или најдоцна 20-ти месецов за оние кои се на слободен пазар, да ги потпишат новите догoвoри со кои им се нуди поевтина електрична енергија во прехрамбениот сектор, училиштата и јавните водоводни претпријатија и пречистителните станици. 80 евра за мегават час за дел од прехранбената индустртија, 95 за претпријатијата и училиштата. ЕСМ снабдување ќе испорачува поефтина електрична енергија, но рано е да се зборува за поефитни цени на дел од основните продукти.

Од пекарската индустрија смируваат, прво да ја добиме струјата, а потоа ќе се обидеме да ги снижиме цените и 10 проценти.

Остануваме на ветувањата за пониски цени на лебот и до 10 проценти. Но, прво мораме да ја добиме струјата по оваа цена, да ја имплементираме во производството, и најрано по Новата година да пресметаме колкав импакт ќе има врз вкупната производна цена, а со тоа и намалување на цените на основните продукти и лебот, вели Горан Ѓорѓиевски од пекарската индустрија

Прехранбената индустрија бара трпение, бидејќи еконосмската криза влегува во зимски период, а државата е зависна од узвоз на основни репроматеријали. Житото кое што доаѓа од увоз влијае на крајната цена, затоа освен владината мерка, потребно е и стабилизирање на пазарите во Европа и светот.

Овие потрошувачи додека трае кризната состојба до 30 април нема да бидат на слободниот пазар, каде што цената на струјата е многу повисока, туку прехранбените компании ќе плаќаат по 80, додека претпријатијата и училиштата по 95 евра од киловатчас. Компаниите кои произведуваат храна може да учествуваат на повикот само ако се занимаваат со живина, преработка и конзервирање на месо, производство на животинско и живинско месо, масла и масти, преработка на млеко и производство на млечни производи, мелнички производи, леб и квасец.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе