Вести Свет

Нетанјаху: Војната против Иран нема да заврши сè додека не се отстрани збогатениот ураниум

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека, и покрај прекинот на огнот, војната против Иран не е завршена, сè додека не се отстрани збогатениот ураниум од земјата.

Во интервју за американската телевизиска мрежа „Си-Би-Ес“, Нетанјаху го услови крајот на конфликтот со отстранување на високо збогатениот ураниум од иранска територија и демонтирање на објектите за збогатување во земјата.

„Оштетивме голем дел од нивните капацитети“, рече Нетанјаху, алудирајќи на нуклеарната програма на Иран, неговите капацитети за производство на ракети, како и на силите на сојузниците на Техеран во регионот.

„Сепак, сето тоа сè уште постои. Сè уште има работа што треба да се заврши“, додаде израелскиот премиер.

Многу е веројатно дека високо збогатениот ураниум на Иран сè уште е во тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан, и покрај нападите на САД и Израел, предупреди Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Инспекторите на агенцијата го изгубија пристапот до локацијата откако започна конфликтот на 28 февруари.

Иран има 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти, што е релативно мал технички чекор пред да се достигне нивото на збогатување од 90 проценти потребно за производство на нуклеарно оружје, соопшти МААЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)„Kако ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите“, прашаа родителите на денешниот 46. „Марш на ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Израелскиот министер Кац со порака доТехеран: Доколку Иран се обиде да го нападне Израел ние ќе возвратиме со голема сила

Дејан Дејан

„Оставка!“ „Ова не е Москва!“ протести во Софија против владата на Румен Радев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе