Пред две вечери, биле запалени автомобилите на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ и неговата сопруга пред домот во Бутел. Полицијата го истражува случајот, возилата целосно изгореле, а било спречено ширење на пожарот кон други автомобили и ризикот пожарот да се префрли на куќи во близина на местото.
Адвокатот Алиспахиќ телефонски ни изјави дека немал закани ниту било какви најави за подметнување на пожарот и има верба во МВР дека ќе го расветли случајот. Пожарот, околу 2 часот по полноќ, на 25-ти јуни, го забележала сопругата која спиела со нивното бебе на долниот спрат на бараката пред која биле опожарените автомобили.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека се слушнал со колегата адвокат, а МВР прзеема активности за расветлување на овој кривично-правен настан.
Миомир Серафиновиќ
