Од вчеравечер е регулирано користењето на здравственото осигурување на сите припадници на МВР и полицијата откако вчерашниот ден настана блокада на системот поради техничка грешка.
Министерот Панче Тошковски рече дека техничката грешка настанала поради „утнат“ односно згрешен матичен број поради што крахирал и целиот систем за припадниците на МВР. Интервенцијата траела повеќе од 4 часа по што е нормализирана состојбата.
Според сознанија на Телма, грешката се случила кога во системот за здравствено осигурување требало да биде внесен службеник на МВР кој претходно бил отпуштен, но на суд го добил МВР и добил пресуда да биде вратен на работа. При внесувањето на неговите податоци, бил внесен погрешен матичен број по што системот реагирал за целата институција.
Миомир Серафиновиќ
