Речиси пет месеци Македонија е без национална стратегија за борба против корупцијата од 2026-та која треба да трае до крај на оваа деценија. На старата ѝ заврши рокот на траење, а имаше и ниски резултати, бидејќи институциите кои требаа да ги зголемат своите антикорупциски капацитети не ги исполнуваа своите обврски.
И додека се носи новата стратегија, владиниот министер, односно вицепремиер задолжен за операционализација на стратегијата, го нема. Не доаѓа на седници на влада, не оди на работното место на „Илинденска“ и не се јавува на телефонот преку кој комуницираше со јавноста.
Вечерашната емисија „КОД“ е со почеток во 19:15 часот на ТВ Телма.
