Вести Македонија Топ вести

Спомен плоча и мурал во центарот на Куманово за осумте загинати припадници на безбедносните сили – 11 години од „Диво насеље“

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај во 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во престрелката имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили.

Во чест на загинатите во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча. Полициските службеници, кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, добија и мурал „Хероите живеат вечно“ во централното подрачје на Куманово.

Два дена Куманово живееше во страв и неизвесност кога во густо населената населба „Тоде Мендол“, попозната меѓу граѓаните како „Диво насеље“, одекнуваа престрелки со различен интензитет. Населбата беше целосно блокирана од безбедносните сили, жителите се евакуираа од своите домови, а хеликоптери постојано го надлетуваа градот.

Граѓаните на Куманово и денес се сеќаваат на тие драматични денови, со порака дека таков трагичен настан не смее да се повтори. Стравот, неизвесноста и загубите што ги донесе „Диво насеље“ оставија длабока трага кај кумановци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе